Избор Култура Охрид

Во Охрид се одржува Вториот меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“

Охрид, 7. октомври (ОХРИДПРЕС) – Вториот меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“, денес ќе се одржи во Куќата на Уранија во Охрид.

Средбата оваа година ќе се одржи на тема „Правото меѓу политиката и етиката“. Настанот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите.

На Симпозиумот учество ќе земат повеќе реномирани излагачи од Полска, Србија, Бугарија и Македонија, а официјани јазици на настанот ќе бидат македонски и англиски.

Симпозиумот се одржа исто така и во Скопје и Битола. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука