Забава

Ансамбл „Билјана“ со петти јубилеен концерт посветен на Народното востание

Охрид, 10. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Ансамблот „Билјана“, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20:00 часот ќе го одржат петтиот јубилеен концерт.

Концертот ќе биде во чест на одбележувањето на 75 години од народното востание, 11-ти Октомври.

Гости на вечерта се Мартина Костова, Ѓоко Танески, Симона Попоска и Петар Нечоски.

Во групата членуваат: Јован Поп – Стефанија – хармоника, Андреј Лаброски – контра бас, Христијан Томевски – гитара и Ангел Трајковски – виолина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука