Избор Охрид

Градот Охрид го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание

Охрид, 10. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Прославувајќи го јубилејот – 75 години од почетокот на Народното востание во Македонија и сеќавајќи се на жртвите, оддаваме почит на саможртвата на сите оние кои ги дадоа своите животи за слободна и самостојна Македонија, беше кажано на денешната свечена седница во Охрид, со што започнаа чествувањата по повод 75 години од почетокот на Народното востание во Македонија – 11 Октомври.

sednicaza11oktomvri2

sednicaza11oktomvri3

Сојузот на борци од НОАВМ од општините Охрид и Дебрца и граѓаните продолжувачи и Општина Охрид денес организираа свечена програма по повод јубилејот- 75 години од народното востание.

sednicaza11oktomvri4

Во големата борба за слободна Македонија, своите животи ги дадоа многу истакнатите борци од Охрид и охридско.

sednicaza11oktomvri5

Утре кај спомен обележјето од НОБ во Градскиот парк, во 11 часот ќе се полага свежо цвеќе. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави