Избор Охрид Празници

Литургија во чест на празникот Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел

Охрид, 12. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во петок, на 14-ти октомври, во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник во Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел“.

Литургијата ќе започне во 08:45 часот, а со неа ќе чиноначалствува неговото високо преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави