Охрид, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид деновиве се одржува 9-та Математичка Олимпијада за Југоисточна Европа.
Олимпијадата „Seemous 2015“ е наменета за студенти од прва и втора година на природно-математичките универзитети. Оваа престижна олимпијада е во организација на Унијата на Математичари на Македонија и ќе трае до 8-ми март, недела.
Оваа олимпијада има за цел да ги охрабри талентираните студенти по математика и математички методи.
„Seemous 2015“ се одржува во хотелскиот комплекс „Метропол“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23