Избор Охрид

Умерено облачно време со услови за врнежи од дожд

Охрид, 17. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Денес е 291-от ден во годината. Сонцето изгреа во 06:43, а ќе зајде во 17:43 часот. Денот ќе трае 11 часа и 08 минути.

Времето во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со услови за локални врнежи од дожд кои постепено ќе престанат.

Ќе дува доумерен северен, североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 8 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од 12 до 16 степени.

Утре ќе има преодна стабилизација на времето, се очекува умерено облачно време со повремени сончеви периоди и температура од 11 до 18 степени. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави