Избор Охрид

Регионална конференција за мирно решавање на работните спорови се одржува во Охрид

Охрид, 18. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес ќе се одржи Регионална конференција посветена на ефективните механизми за мирно решавање на работните спорови.

На конференцијата, која се одржува во хотелот „Инекс Горица“, ќе се обратат министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски и директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа Антонио Грациози.

Конференцијата се организира во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Учесници на конференцијата се претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Црна Гора. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука