Спорт

Андреа Белоти го привлече вниманието на фудбалските гиганти

Торино, 18. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите во Италија јавуваат дека Андреа Белоти е новото фудбалско име, кое почна да ја Серија А. Тој одлично се снајде во дресот на Торино и на пет одиграни натпревари, постигна исто толку и голови, а асистираше при други два.

Со неговите одлични настапи го привлече вниманието на европските гиганти а најзаинтересирани се англиските екипи Челзи, Арсенал и Ливерпул.

Медиумите информираат дека управата на „биковите“ планира да му понуди нов договор, со кој откупната клаузула за негов трансфер ќе изнесува 60 милиони евра. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука