Спорт

ФИФА забрани одржување на концерти на стадионите од СП 2018

Цирих, 18. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – ФИФА донесе одлука со кое се забранува одржување на каков било вид на манифестација освен фудбалски натпревари на стадионите на кои ќе биде одиграно СП во Русија во 2018 година.

Новото правило ќе се применува два месеци пред стартот на Мундијалот, за да тревата не биде оштетена како што беше случајот со теренот на „Велодром“ каде неколку недели пред почетокот на ЕП , рок група одржа концерт.

ФИФА соопшти и дека еден месец пред почетокот на СП ќе го ограничи бројот на мечеви кои можат да се играат на 12-те стадиони во Русија. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука