Избор Култура Охрид

Меѓународна конференција „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во црквата“ во Охрид

Охрид, 19. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Годинава се одбележуваат 1.100 години од блаженото упокојување на свети Климент Охридски – великиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј.

Како дел од Државната програма за одбележување на 1.100-годишнината, од утре до 22-ри октомври во Конгресниот центар во Охрид ќе се одржи меѓународна конференција „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во црквата“.

Конференцијата е организирана од православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје под покровителство на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Отворањето на конференцијата е предвидено за утре во Конгресниот центар во Охрид, на кое ќе се обратат д-р Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија, проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави