ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид

Акција за враќање на црните лебеди во Охридското Езеро

Охрид, 22. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи е иницирана акција за враќање на црните лебеди во Охридското Езеро.

По тој повод во понеделник, 24-ти октомври, ќе се одржи хуманитарен настан, во организација на Лајонс клубот „Лихнидос“, кога точно на пладне ќе биде пуштен првиот црн лебед во Охридското Езеро.

Оваа акција веќе добива голема поддршка од бројни јавни личности, меѓу кои се огласи и македонскиот музичар Зафир Хаџиманов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави