ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид

Црните лебеди од денес ќе запливаат во Охридското Езеро

Охрид, 24. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид од денес започнува акцијата за враќање на црните лебеди во Охридското Езеро.

По тој повод ќе се одржи хуманитарен настан, во организација на Лајонс клубот „Лихнидос“. Точно на пладне ќе биде пуштен првиот црн лебед во Охридското Езеро.

Оваа акција доби голема поддршка од бројни јавни личности, меѓу кои прв се огласи и македонскиот музичар Зафир Хаџиманов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави