Избор Празници

Литургија во манастирот „Св. Петка“ по повод празникот „Преподобна Параскева (Петка) Епиватска“

Охрид, 25. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во четврток, на 27-ми октомври, во манастирот „Св. Петка“ во селото Велгошти ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобна Параскева (Петка) Епиватска“.

Литургијата ќе започне во 08:45 часот, а со неа ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави