март 6, 2015

Дебар, 6. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа Дебар беше завеан со снег, што е мало изнанедување за овој период од годината.

На фотографии кои ги направиле граѓани, се забележуваат завеани возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Има забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Маврово – Дебар поради врнежи од снег.

Според синоптичарите, ладното време, врнежите од снег и дожд ќе продолжат уште неколку дена, што е воедно и последниот студен бран за оваа сезона во републикава.

snegdebar2

Облачно, врнежливо, ветровито и студено време ќе преовладува и денеска.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка, каде има и забрана за движење на автобуси. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Стража е укината во 9.50 часот, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Цел Балкански Полуостров е под влијание на студено и влажно циклонско влијание кое продолжува и денеска и утре до првата половина од денот. (Крај)

извор: ОхридПрес/Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука