Култура

Фестивалот на книжевност и музика „Смош 2016“ со активности во Охрид

Охрид, 29. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Фестивалот на книжевност и музика „Смош 2016“, во организација на македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит и здружението „Курс“ вечерва гостува во Охрид.

Домаќин и промотор ќе биде Александар Прокопиев. Проектот има за цел низ уметноста да го реализира мултикултурното образование и демократскиот развој со поврзување на двата пријателски народа и држави, Хрватска и Македонија.

Уметници и музичари ќе имаат свое претставување со првиот настан, кој ќе се одржи во 19 часот во градската библиотека „Григор Прличев“, каде што „Младинци-мандолинци“ ќе ги изведат: „Билјана платно белеше“, „Елено, ќерко“ и „Битола, мој роден крај“, како „Сплитски танци“ и „Дубровничка контраданза“.

Ќе следат и промоции на книги. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави