Завршува Хорор Филм фестивал на Филмска академија Охрид
Охрид, 30. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва се последните проекции во рамките на Ревија на филмски класици и нови остварувања од жанрот на богатата хорор светска индустрија во организација на Филмската академија Охрид.
Вечерва ќе се прикажуваат три проекции. Со почеток во 18 часот филмот црно-белата класика „Носферату“ („Nosferatu“) од 1929 година. Филмот на Хичког „Психо“ („Psycho“) од 1960 година ќе се прикажува со почеток во 20:00 часот, а од 22:10 часот филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ („ The Silence of The Lambs“) од 1990 година.
Влезот за сите проекции е бесплатен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |