Движењето на екологисти на Македонија организира отворен ден за еко-темите во Охрид
Охрид, 4. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Движењето на екологисти на Македонија (ДЕМ) во Охрид на плоштадот Чинар денес ќе организира настан наменет за граѓаните.
Средбата ќе биде во рамките на проектот ЕТНАР кој се спроведува во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Турција. Настанот е замислен како отворен ден со граѓаните на Охрид, на тема: „Проектите поврзани со Охридското Езеро и Галичица“.
Претставници на граѓанската иницијатива Охрид SOS исто така ќе бидат дел од овој настан, повикувајќи ги граѓаните отворено да проговорат за круцијалните прашаеа од областа на екологијата, кои го засегаат Охрид и езерото.
На настанот граѓаните ќе можат да дискутираат со претставници од ДЕМ и ќе се врши сондажа на јавното мислење преку прашалник. Средбата ќе се реализира од 11.00 до 13.00 часот.
Претседател на ДЕМ, Македонија е Миран Митревски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |