Избор Охрид

Продолжува силното полициско обезбедување по улицата „Македонски просветители“

Охрид, 4. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – И понатаму на потегот од кружниот тек по улицата „Македонски просветители“, пред СВР Охрид, затворот и охридската Пожарна има силно обезбедување.

policijaobezbeduvanje2

На овој потег на градот сеуште е забрането паркирање на возила.

Како што и вчера јави Супер радио и OhridPress некаде пред 16:30 часот под исклучително силно обезбедување на паркингот пред охридскиот затвор пристигна комбе и неколку службени возила и џипови.

policijaobezbeduvanje3

Неофицијално се работи за пренесување на лица до охридскиот затвор. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави