Избор Охрид

Метео: Променливо облачно време со сончеви периоди

Охрид, 7. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во вечерните часови во западните и северните делови со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 19. степени.

– Под влијание на изразено јужно воздушно струење и влажни воздушни маси, од денес ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пооблачно со обилни врнежи од дожд ќе биде во вторник и среда, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 50, а локално и над 60 л/м2 воден талог. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер (над 70 км/часот), кој во среда кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика значително опаѓање на температурата, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави