Охрид

Заменик министерот за внатрешни работи Андонов во посета на Охрид

Охрид, 10. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Денеска попладне во работна посета на СВР Охрид ќе присуствува дополнителниот заменик министер за внатрешни работи д-р Оливер Андонов.

Во рамките на посетата, предвиден е работен состанок со раководниот тим на СВР Охрид.

При последната посета на СВР Охрид, министерот Андонов даде оценка за безбедносната ситуација на територијата на Охрид, напоменувајќи дека регистрираните криминални дела извршени на територијата на Охрид и Струга во најголем дел се од страна на лица од другите градови во републикава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави