Избор Охрид

РСБСП ги потсетува возачите навреме да обезбедат зимска опрема

Скопје/Охрид, 10. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ги потсетува возачите да направат зимска проверка и подготовка на возилата, навреме да ја обезбедат потребната зимска опрема, редовно да ја носат во своето возило и правилно да ја користат.

Од вторник, 15 ноември, почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март наредната година.

Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, на секој возач што постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука