Избор Охрид Хроника

Кривична пријава за докторка и пациент поради лажирање на боледување

Охрид, 11. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Со кривична пријава се стекнаа две лица од Охрид, В.К.(55) и Б.С.(62), поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“.

На шести јули годинава, пријавената В.К. како специјалист во ПЗУ Специјалистичка ординација по психијатрија „Медика про менте“ во Охрид, му издала невистинито лекарско уверение со лекарски извештај  на пациентот Б.С., кој е вработен како раководител на градежна оператива во ЈП „Градски гробишта“ Охрид.

Во извештајот пријавената навела невистинити податоци за констатирана болест и дала препорака за издавање на боледување. Пациентот во моментот бил отсутен. Исто така биле внесени невистинити податоци и во амбулантниот дневник со лажно прикажување дека Б.С. како пациент на шести јули се јавил на лекарски преглед.

– Врз основа на невистинитиот лекарски извештај, пријавениот Б.С. добил предлог за лекарска комисија од матичен лекар со позитивно мислење и оценка на Првостепената комисија при ФЗОМ. Со приложените лажни извештаи кај матичниот лекар и кај комисијата на ФЗОМ, пријавениот добил боледување во период од шести јули до четврти август оваа година. Пријавениот Б.С. на шести јули годинава, со патна исправа, преку граничниот премин „Меџитлија“ остварил излез од Република Македонија кон Република Грција а на 22 јули, на истиот граничен премин, регистриран е негов влез во Република Македонија, се вели во соопштението на СВР Охрид за случајот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави