Култура

Фолклорни друштва од Охрид и Вевчани на смотри во Прилеп

Прилеп/Охрид/Струга, 11. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Утре од 18.00 часот во големата сала на Центарот за Култура „Марко Цепенков“ ќе се одржат Фолклорни сморти на ансамбли и културно уметнички друштва од западниот регион.

Фолклорни друштва од Вевчани и Охрид ќе бидат дел од оваа манифестација, заедно со уште 8 ансамбли и друштва од западниот регион од Македонија. Како што информираат од Сојузот на организации на фолклорни ансамбли на Макеоднија СОФАМ, богатиот македонски фолклор ќе го претстават друштва и ансамбли од Брвеница – Тетово, Вевчани, Охрид, Ресен, Битола, Демир Хисар, Кичево и домаќинот КУД „Мирче Ацев“.

Минатата година првите регионални Фолклорни смотри се одржаа во Струга, а секоја година се одржуваат наизменично во градовите од западниот регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави