Спорт

Македонската селекција гостува во Шпанија

Гранада, 12. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Македонската фудбалска репрезентација, денеска во Шпанија, ќе го одигра натпреварот од четвртото квалификациско коло за пласман на СП во Русија.

Црвено-жолтите по три натпревари немаат победа, ниту има освоен бод, иако со прикажаното против Албанија, Израел и Италија не заслужија нула на бодовното салдо.

makselekcija2

Шпанија на овој натпревар ќе биде без Пике, Рамос, Жорди Алба, Иниеста и Дијего Коста, додека селекторот Игор Ангеловски ја освежува македонскта селекцијата со неколку играчи од младата репрезентација.Адут за голови е Илија Несторовски кој почна неверојатно во Серија А, а во одлична голгетерска форма е и Алиоски, капитенот Пандев ќе се обиде да го прекине голгетерскиот пост.

makselekcija3

Мечот Шпанија-Македонија се игра во Гранада од 20:45 часот. (Крај)

извор: Спорт TA фото: ФФМ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука