Охрид

Државен архив на Македонија во Охрид ќе ја промовира едицијата „Црните страници на УДБА“

Охрид, 15. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 17-ти ноември, во 14:00 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи промоција на едицијата „Црните страници на УДБА“ од Државен Архив на Република Македонија.

Едицијата е составена од 9 тома, 16 книги и 13 и пол илјади страници, а содржи 202 досиеа. Изминатиот период едицијата беше промовирана низ градовите во Македонија.

– Во материјлот на 13.500 страници има 202 досиеја и многу документи кои досега беа непознати за македонската јавност сега се обзнанети. За едицијата постои голем интерес и затоа сите книги ќе бидат дистрибуирани во 65 институции, библиотеките и други установи со што ќе се овозможи многу луѓе да се запознаат со документите и сами да заклучуваат, велета од Државниот Архив на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука