Избор Спорт

Таеквондистите од ХВА РАНГ ИТФ Лескоец со учество на меѓународниот турнир „Бугарија Опен“ 2016

Охрид/Пловдив, 16. ноември (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овој викенд ќе учествува на најсилниот меѓународен таеквондо итф турнир „Бугарија Опен“ 2016, кој ќе се одржи во Пловдив, Бугарија од 19-ти до 21-ви ноември.

Турнирот е еден од најпрестижните во Југоисточна Европа и пошироко, каде земјите учесници ги избираат своите репрезентации за идната година.

На овој турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион, натпреварувачите на Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид како поединечно, така ќе ги одмерат силите и екипно во кадети-машки до 14 години и сениори-машки. Силите ќе се одмеруваат само во една дисциплина, спаринг –борби.

– Се надеваме дека и овој пат претставниците на Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе нè престават во најубаво издание и ќе нè направат да се чувствуваме горди. Воедно Таеквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, кој и овој пат е најзаслужен за нивното учество на овој престижен турнир, велат од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ХВА РАНГ ИТФ Лескоец

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука