Спорт

Наполи го продава Маноло Габиадини

Неапол, 19. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми јавуваат дека големи се шансите Маноло Габиадини да го напушти Наполи во текот на зимата.

Напаѓачот го загуби местото во првиот тим од Аркадиуш Милик , па дури и сега кога Полјакот е повреден, тој не е прв избор за тренерот Маурицио Сари.

Наполи го проценува Габиадини на 25 милиони евра, а со добиените пари клубот сака да доведе друг фудбалер на оваа позиција. Според „Медиасет“ најголем интерес за Габиадини има од Евертон,Волфсбург и Валенсија. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука