Избор Хроника

Полициски службеник упатувал навреди кон вработени во СВР Охрид

Охрид, 19. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти овој месец во село Косел-Охрид, во ресторан „Јарец“, полицискиот службеник С.С., ги извршувал работни задачи, заедно со уште еден полициски службеник.

Полицаецот прикажал повеќе листови на кои имало кривични пријави со датум од 18-ти ноември. Гласно почнал да упатува закани и навредливи зборови кон повеќе лица вработени во СВР Охрид, обидувајќи се да го наруши интегритетот, честа и достоинството на пријавителите како повисоки раководни лица во СВР-Охрид.

Кај присутните во ресторанот предизвикал чувство на страв, вознемиреност и несигурност. За настанот бил запознат Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави