Избор Охрид

На шеесет и петтата седница ќе се расправа за работата на зимската служба во приградските населби

Охрид, 24. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Шеесет и петтата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи на 30-ти ноември, среда, со почеток во 10:30 часот.

Меѓу главните точки ќе биде Предлог одлуката за усвојување на оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на општина Охрид, за приградските и селските населби за 2016 – 2017 година.

Советниците ќе расправаат по 67 точки на дневниот ред, од кои голем дел поврзани со донесувањето на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти во повеќе рурални средини.

Ќе се усвојуваат нацрт развојните програми за поттикнување на развојот на туризмот, заштита на животната средина, одржување на јавната чистота за 2017 година, активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2017 – 2019 година, за енергетска ефикасност за 2017 година и други извештаи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави