Избор Култура Охрид

Ученици од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец дел од меѓународниот фестивал за сценски минијатури во Лесковац

Охрид, 28. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Група ученици од шесто одделение при ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец беа учесници на третиот меѓународен фестивал за сценски минијатури во Лесковац, Република Србија.

– Вкупно 9 ученици под водство на менторите Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Александра Трпеска, на сцената се претставија со музичкиот перформанс „Оставете ни ги крилата“, со која на еден модернистички начин покажаа отпор кон гушењето на индивидуалноста на единката и испратија порака дека секому треба да се дозволи да ги „употреби своите крила“. Сценографијата и костимографијата беа креација на самите учесници и менторите. Настапот на учениците од ОУ „Ванчо Николески“ беше проследен со воодушевување кај публиката и тамошните медиуми, информираат од училиштето.

pretstavavesna2Фестивалот на сценски минијатури се реализираше во организација на Лесковачки културен центар од 22-ри до 24-ти ноември, а на него зедоа учество групи од основни училишта, детски центри, балетски групи, ученички домови и градинки од Република Србија и околните земји.

Групата од ОУ „Ванчо Николески“ беше единствениот учесник од Република Македонија и се стекна со специјална награда за поттик на соработка и дружење меѓу децата на овој фестивал. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука