Избор Хроника

Две лица од Охрид, од кои еден малолетник злоупотребувале наркотични средства

Охрид, 2. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против седумнаесетгодишник од Охрид, кој се сомничи за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

На 24-ти март годинава,околу 20.30 часот, полициски службеници, во близина на зградата во која што живее пријавениот, извршиле преглед. Кај пријавеното лице биле пронајдени 6,4 грама наркотична дрога марихуана.

Во друг случај, за истото сторено кривично дело, со кривична пријава се стекна и лицето С.Р. (40) од Охрид. Полициските службеници на 20-ти мај оваа година, извршиле претрес во патничко возило, паркирано во неговото дворно место, при што се пронајдени 6,3 грама наркотична дрога марихуана и 3,4 грама таблети МДМА. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави