Избор Охрид

Охридските пензионери побараа оставка на претседателот на Сојузот на пензионери на Македонија, Драги Аргировски

Охрид, 5. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Охридските пензионери денес преку трибина го искажаа незадоволството од начинот на кој ги носи одлуките раководството на Сојузот на пензионери на Македонија.

Поголема група пензионери од Охрид побараа оставка на претседателот на Сојузот на пензионери на Македонија, Драги Аргировски.

penzioneri

– Сојузот на пензионери на Македонија со сегашното раководство, сè повидливо ги напушта основните принципи и статутарната поставеност, со што ја загуби независноста и самостојноста, а особено непартијноста, и, за жал, навлезе во водите на партиската пристрасност. Раководството, посебно претседателот, одлуките ги носат не во име на членството, туку во дослух со воспоставената мрежа од поддржувачи во раководствата на општинските организации, беше потенцирано денес на средбата во Охрид.

Пензионерите од Охрид побараа во иднина нивниот ангажман да биде врз волонтерска основа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: МЕТА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави