Православните верници го празнуваат Свети Георгиј
Охрид, 9. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Денес се празнува Свети Георгиј Посен, празник кој е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец чиј спомен се празнува и на други датуми од православниот календар.
Свети Георгиј (посен) се празнува на 26 ноември според стариот или 9 декември според новиот календар.
На овој датум во 1037 бил осветен храмот посветен на овој светител во Киев изграден од кнезот Јарослав. Овој ден како празник се празнува во цела Русија и оттаму веројатно празнувањето е пренесено и во нашиве краишта. Празникот е наречен Посен затоа што секогаш се паѓа во Божиќните пости. Во книгата на Булгаков „Настолнаја книга”, на овој датум се поместени тропар и кондак на празникот посветени на Св. вмч. Георгиј, од што станува јасно дека овој празник е посветен на Георгиј Победоносец, а не на некој друг светител со истото име. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |