Спорт

Лион ќе биде домаќин на финалето во Лига Европа 2018

Нион, 11. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Извршниот одбор на УЕФА одлучи финалниот меч во фудбалската Лига Европа во 2018 година да се одигра во францускиот град Лион.

Оваа сезона финалето во Лига Европа ќе се одигра во Стокхолм, а финалето во Лигата на шампионите во Кардиф на Миленуим стадионот.

Од претходно УЕФА објави дека финалето во Лигата на шампионите во 2018 година ќе се игра на Олимпискиот стадион во Киев. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука