Струга

Младите од Струга ќе се поттикнуваат на активно вклучување во јавниот живот

Струга, 11. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Порака Нова и Младиинфо, во вторник, 13-ти декември во Струга ќе се организира Панел дискусија „Предизвици и патокази за социјална, економска и политичка вклученост на младите во Македонија“.

Дискусијата ќе се одржи со почеток во 11:00 часот во Хотел „Монтенегро“ во Струга.

Целта е поттикнување за поголема вклученост на младите во јавниот живот. Настанот во Струга е во рамките на регионалниот проект „Средиште на Младински Банки на Западен Балкан и Турција“, кој ќе се одвива во Србија, Албанија, Македонија и Турција.

Проектот е поддржан од Европската комисија. Партнерски организации: Ana and Vlade Divac Foundation (Србија), Prima Association (Црна Гора), Mladdinfo International (Македонија), Center for Change and Conflict Management (Албанија) и Community Volunteers Foundation (Турција). Локалната поддршка е на Порака Нова Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука