Спорт

Стивен Џерард и Френк Лампард се враќаат во репрезентацијата

Лондон, 11. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Новиот селектор на Англија, Герет Саутгејт побарал од фудбалска федерација да најде начин во селекцијата да учествуваат и легендите.

Според „Мирор“, Саутгејт од федерацијата побарал репрезентативните легенди да бидат задолжени за работа со младинските категории.

Предлогот бил позитивно оценет од челниците на ФА, а први легенди од кои се бара камбек во репрезентацијата се Стивен Џерард и Френк Лампард. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука