Избор Охрид Струга

Земјите од Дримскиот басен во Приштина ќе одбележат 5 години од Меморандумот за заедничка визија

Приштина/Охрид/Струга, 13. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Четвртата конференција во рамките на Дримскиот процес и ГЕФ Дримскиот Проект ќе се одржува утре и задутре во Приштина.

Повеќе од 100 преставници на различни институции, министерства, меѓународни и регионални институции ќе бидат присутни на настанот кој значи заедничко согледување на активностите во дримскиот процес. Воедно со овој настан се одбележуваат и 5 години од потпишувањето на Меморандумот за заедничка визија на Дрим и една година од иницијацијата на ГЕФ Дримскиот Проект.

Конференцијата е организирана заедно со 3-тиот состанок на состанок на Експертските работни групи кој се одржува денес и 12-от состанок на Дрим Кор групата, кој ќе се одржи на 15-ти декември годинава.

brosh

На сите работни средби и на конференцијата се очекува да се изрши согледување на развојот на процесот во последната година околу управувањето со Дримскиот Басен. Ќе бидат разгледани и активностите околу подготовка на Менаџмент планот за Дримскиот Басен и можностите за координирана акција за управување со заштитените подрачја на ниво на суб басени.

Во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект веќе се работат мониторингог за квалитетот на водите во сливот, социоекономски анализи на сливот, како е теметски извештаи за состојбите со биодиверзитетот, загадувањето и хидрологијата на Дримскиот Басен. Сето тоа ќе биде во склоп на главниот документ на првата фаза на Проектот: Прекуграничната Дијагностичка анализа на Дримскиот Басен која ќе биде пропратена со изготвен Стратешки акционен План.

Координатор на ГЕФ Дримскиот Проект за Македонија е Дејан Пановски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука