Избор Охрид

Меѓународна научна конференија „Современите концепти на кризниот менаџмент“

Охрид, 15. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес започнува дводневна конференција „Современите концепти на кризниот менаџмент“.

Меѓународната научна конференција денеска и утре ја организира Центарот за управување со кризи на Македонија.

– Целта на конференцијата е да се соберат на едно место академската заедница, владините институции, граѓанските организации и приватниот сектор од Македонија и од странство, заради размена на мислења и искуства во врска со прашања поврзани со управување со кризни и итни состојби, соопшти ЦУК.

Конференцијата се организира во соработка со Факултетот за образовни науки од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ од САД, Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Универзитетот „Колегји бизнеси“ од Приштина, со поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија.

Конференцијата се одржува во хотел „Инекс Горица“, а ќе биде отворена денес во 12 часот. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави