Спорт

Папастатопулос го менува Пепе во Реал Мадрид

Мадрид, 18. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Шпанските медиуми пренесуваат дека раководството на „кралскиот“ клуб веќе нашло замена за Пепе кој на крајот на сезоната после десет години ќе се раздели со португалскиот дефанзивец.

Се работи за играчот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастатопулос, кого скаутите на „кралевите“ го следат подолго време и медиумите тврдат дека токму Гркот е трансфер цел број еден за засилување на одбранбената линија.

Папастатопулос седма сезона настапува во Бундес лигата, а претходно го носеше дресот на Милан. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука