Избор Охрид Празници

Припадниците на католичката вероисповед го прославуваат Божиќ

Охрид, 25. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Припадниците на католичката вероисповед денес го прославуваат Божиќ, Денот на Христовото раѓање според христијанската традиција.

Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.

Во црквата „Св. Кирил и Методиј и Св. Бенедикт“ во Охрид синоќа, на Бадник, се одржа вечерна миса, а денес се празнува Божиќ.

crkvasvetikirilimetodijisvetibenediktКатоличките верници денеска ги отвораат вратите на своите домови за гости, а ги отвораат и срцата. Радост ги исполнува домовите. Исчистените и украсените домови ги осветлуваат четирите адвентски свеќи. По една се пали на ручекот, секоја недела до Божиќ.

На Бадник католичките верници традиционално приготвуваат бакалар, или друга риба, а за Божиќ се приготвува сарма и печено месо, печена мисирка, но и многу слатки. Католички Божиќ не може да се замисли без присуството на членовите од семејството. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави