ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид

УНЕСКО постави рок до 1 февруари 2017 за извештајот за статусот на конзервација

Охрид, 26. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – УНЕСКО ѝ даде рок на Македонија до 1 февруари 2017 да достави извештај за статусот на конзервација и за чекорите преземени за спроведување на препораките и во случај на потврдување на утврдената или потенцијална опасност за природните и културните добра на Охридскиот регион.

Охридскиот регион би можел да се најде на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО поради плановите за изградба ски-центар на Галичица, патот А3, автопатот А2 и на железничкиот коридор VIII, a состојбата дополнително ќе се влоши со изградба на хотел во заштитениот зелен појас во населбата Лагадин.

Охридскиот регион е впишан во Листата на природно и културно светско наследство на УНЕСКО во 1979 година. (Крај)

извор: Порта 3 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука