Македонија

Трибина „Изборен грабеж“

Скопје, 10. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Трибината наречена „Изборен грабеж“, како дел од серијалот Вистината за Македонија, треба да покаже како биле фалсификувани неколку изборни циклуси во периодот 2011 – 2014, најавуваат од СДСМ.

Социјал-демократскиот сојуз, како организатор на овој хепенинг во Универзалната сала, најавува обраќања на неколку високи репрезенти на партијата, како и повеќе аудио снимки од прислушувани телефонски разговори меѓу функционерите од владеачките партии, кои укажуваат на изборни измами. За оваа 90 минутна трибина, фиксно е присуството на 200 членови на претседателството и раководните органи на партијата. Останатите над илјада и 400 места се слободни за секој што сака да присуствува, пренесува Телма.

Од СДСМ велат дека нема да доведат свои членови и симпатизери од другите градови, но очекуваат голем интерес. Заради тоа, надвор ќе бидат поставени два видео бима. Се очекува присуство и на поранешни активни членови и функционери од партијата, кои последниве години се повлекоа или дистанцираа од политиката на актуелното раководство.

Ова ќе биде осма таканаречена бомба на СДСМ, а прва која ќе биде презентирана надвор од партиското седиште. (Крај)

извор: Телма фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави