Избор Охрид Хроника

Кривична за охриѓанец кај кого е пронајдена марихуана

Охрид, 27. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишниот Е.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Во ноември 2015 година, извршен е претрес во домот и возилото на пријавениот при што пронајдена е наркотична дрога марихуана во количина од 88,79 грама. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука