Спорт

Свонси му врачи отказ на Боб Бредли

Кардиф, 28. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Боб Бредли заработи отказ од управата на  Свонси по 85 дена. Американецот го водеше велшкиот клуб на 11 натпревари во Премиерлигата на кои забележа по две победи и реми и дури седум порази.

Незадоволство кај клупското раководство кулминира по последниот пораз од Вест Хем, на домашен терен.Екипата од Кардиф е претпоследна на табелата со само 12 бода колку што има и последнопласираниот Хал сити.

Медиумите шпекулираат дека како можен наследник на Бредли на кормилото на Свонси ќе биде Рајан Гигс. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука