Избор Охрид

Снег на Стража и Плетвар

Охрид/Ресен/Кичево, 28. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Од Авто мото сојузот на Македонија ги предупредуваат граѓаните кои патуваат внимателно да возат, особено да ја прилагодат брзината на движење на превоите, каде поради снег на коловозите постои опасност од лизгање.

Врнежи од слаб снег во раните утрински часови се бележат на планинскиот превој Плетвар, како и на Стража и Ѓавато.

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива тековно по влажни коловози во северозападниот и југозападниот дел, а во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука