Спорт

Екипата на Рома ќе гради сопствен стадион

Дубаи, 28. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Извршниот директор на Рома,Умберто Гандини на прес-конференција во Дубаи го најавил почетокот на изградбата на новиот стадион чиј капацитет ќе изнесува 56.000 седишта и ќе чини 1,3 милијарди евра.

Со овој потег екипата на Рома ќе биде втор клуб во Италија, по Јувентус, што ќе има стадион во своја сопственост.

„Волчицата“ и екипата на Лацио своите мечеви како домаќини ги играат на „Олимпико“ а римските клубови го изнајмуваат теренот од градските власти. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука