Свет

Земјотреси низ цел Балкан

Софија, 28. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Умерени земјотреси минатата ноќ се регистирани во јужна Грција и во Романија, од кои вториот бил почуствуван и во делови од Бугарија, Молдавија и севрозападна Турција.

Како што соопшти Институтот за геодинамија при Атинската опсерваторија, земјотрес со интензитет од 4,5 степни според Рихтеровата бил регистриан доцна синоќа во реонот на полуосторвот Пелопонез.

Според истиот извор, епицентарот на потресот бил во Средоземното Море источно од областа Лаконија, на длабочина од 10 километри под морското дно.

Од друга страна, Европксиот медитерански сеизмолошки центар јави дека потресот бил со јачина од 4,8 степни според Рихтер, со епицентар на 71 километар југоисточно од Спарта.

Земјотресот бил почуствуван во поглемиот дел на Пелопонез, но нема информации за жртви или предизвикани материјални штети. По него, следувале серија послаби вторични потреси со послаб интензитет.

Европскиот сеизмолоки центар соопшти и дека ноќека 21 минута по полноќ, земјотрес со интензитет од 5.6 степени според Рихтеровата скала, бил регистиран и во романскиот регион Вранча.

Земјотресот во Романија бил почувствуван и во делови од Бугарија, во реоните на градовите Добрич, Силистра, Шимен и Сливен. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука