Забава Избор

Даниел Јовески ќе снима бесплатни спотови на дел од македонските музичари

Охрид, 28. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот продуцент, режисер и музичар Даниел Јовески, одбележува јубилеј, 5 години од неговата работа, со тоа што одлучил да ги анимира и претставниците од нашата естрада.

Јовески реши да направи еден вид на конкурс каде преку гласање ќе се определат имињата на дел од македонските музичари, за кои тој ќе изработи музички спотови бесплатно.

– По повод 5 години од мојата успешна работа наградена на балканско ниво, одлучив да ја освежиме македонската естрада, на тој начин што заедно ќе одбереме 5 од овие 50 македонски пејачи/групи, кои ќе добијат подарок по еден видео спот и песна/аудио запис. Ви посакувам Среќни Новогодишни и Божиќни празници и да ја негуваме македонската музика, објави на својот Фејсбук профил Јовески.

Јовески и досега соработувал со многу наши ѕвезди, но и познати пејачи од соседството.

Меѓу номинираните се Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Даниел Кајмакоски, Тајзи, Слаткаристика, Тони Зен, Роберт Билбилов, Магдалена Цветковска, Боби Мојсоски, Петар Марковски, Анита Мицова, Камелеон бенд, Даниел Данн Стојмановски, ДНК, Викторија Лоба и уште многу други. Обожавателите можат да ја погледнат комплетната листа и да гласаат на линкот: https://fans.vote/…/ACnoOWmTNcg/da…/—5——————–

Гласањето ќе трае до 5-ти јануари 2017 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Јовески

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука