„Сладок декември“ – финална забава со Тамаро и „Кандид“
Охрид, 29. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Верните купувачи на „Тамаро“ маркетите изминатите викенди имаа можност да го искористат најповолното пазарење и промоцијата на производите на „Кандит“.
Екипата на Супер радио утре во терминот од 14:00 до 16:00 часот ќе се дружи со купувачите во живо при што ќе се додели големата главна награда од „Кандит“ чоколади.
Финалната забава ќе се случува во „Тамаро“ маркетот на улицата „7-ми Ноември“, поранешно „Братство“.
– Ќе има многу интересни игри и забава за купувачите, а најсреќниот ќе добие чоколада буквално колку што е тежок. Значи, време е за многу забава и многу вкусна чоколада за уште подобро пријателство со „Тамаро“. Бидете со нас, после тоа следуваат уште поголеми изненадувања, порачуваат од „Тамаро“ маркетите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |