Избор Охрид

Таеквондо клубот Хваранг ИТФ годинава се закити со 90 медали

Охрид, 29. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо клубот Хваранг ИТФ од Лескоец, Охрид, годинава ја заокружи со бројни успеси.

Членови на клубот учествуваа на вкупно 10 турнири во земјава и од меѓународни размери и освоија вкупно 90 медали, од кои дури 20 златни.

Со вкупно 27 сребрени и 43 бронзени медали беа одликувани членовите на клубот.

Клубот годинава се закити и со пехар за најдобар учесник на турнир. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави